БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата во Делчево бара евентуална одговорност од општинските власти за минатонеделните пожари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево преку социјалните мрежи упати соопштение во јавноста преку кое бараат одговорност во врска со евентуалните пропусти при справувањето со минатонеделните катастрофални пожари кои што најпрво го зафатија реонот на селото Нов Истевник во делчевско а потоа се пренесоа кон општините Пехчево и Берово.

Притоа од опозициската партија бараат идна помош и обесштетување на постраданите имоти на граѓаните.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението упатено од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Почитувани делчевчани, зад нас е една траорна недела на општа катаклизма.

Долго време ќе се сеќаваме на она што некој од нас повеќе а некој помалку го преживеа во изминатите седум денови на огромни пламени јазици кои ја сотреа најубавата шума во поширокиот регион. Локалните власти во Делчево во немоќ заедно со централната власт дозволија огнот од Делчево да се прошири кон Пехчево и Берово со што неспособноста и неподготвеноста овозможија да бидеме општина-извозник на нестабилност и катастрофи.

И покрај пожртвуваноста на локалното население и активата на терен катастрофата со пожарот побегна од контрола, прво и единствено поради несоодветниот првичен одговор на надлежните на пожарот над маалото Пасјак!

Со цел да допринесеме за ваквата крајно несакана ситуација да не се повтори во иднина јавно прашуваме:

-Дали од страна на Градоначалникот и Советот на Општина Делчево е започната (или се планира) постапка за утврдување на пропусти кај надлежните институции и органи при првичниот одговор на појавата на пожарот над маалото Пасјак во село Нов Истевник?

-Дали надлежното јавно обвинителство ќе отвори постапка за утврдување на одговорност и институционални и персонални пропусти кај наделжните органи и институции на локално и централно ниво?

-Дали е започната постапка за проценка на штетата од пожарот на територијата на Општина Делчево?

-Дали е започната постапка за обесштетување од страна на Градоначалникот на Општина Делчево на настраданите имоти на делчевчани и помош на локалните жители директно и индитректно засегнати од пожарот?

-Кога ќе биде набавено специјализираното противпожарно возило од страна на Градоначалникот Горан Трајковски кое вети дека ќе го набави заклучно со 2019 година?

👉ОДГОВОРНОСТ мора да има!

👉ПОМОШ за оштетените делчевчани мора да има!

👉АНАЛИЗА на пропустите, недостатоците и аномалиите и нивно решение веднаш во системот мора да има!Секоја одговорна власт која работи за доброто на своите граѓани тоа ќе го направи. Ден поскоро!

Со превземање на локалната власт во Делчево од страна на ВМРО-ДПМНЕ значително ќе се инвестира во областа на општата безбедност, заштитата на животната средина, заштита на животот и имотите на делчевчани.

-соопштуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace