Оркестрираните напади на власта која се однесува како ној со главата во песок не превземајки никаква одговорност за катастрофално лошите состојби во државата, кон опозицискиот лидер Христијан Мицкоски продолжуваат да ја надминуваат границата на фер и коректност.
Минатите неколку денови од таборот на СДСМ и провладините мегафони кон лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беа упатени тешки квалификации нарекувајки го политички пироман, додека низ државата беснееја пожари а неспособната власт немоќно се обидуваше да ја оттргне одговорноста која ја има за целокупната неповолна ситуација.
За ваквите обиди на власта одговорноста за состојбите во државата да ја префрли кај опозицијата, но и за потребата за целосна одговорност на надлежните за ваквите состојби своја реакција во јавноста упати Претседалот на ВМРО-ДПМНЕ чија што содржина ја пренесуваме во продолжение во целост:
“Знам дека се лутите и знам дека гневот што го имате кон мене е голем. Јас не сум како вас, нема да го спуштам нивото, бидејќи не сум само политичар, јас сум родител и педагог. Свесен сум дека ќе продолжите да ме навредувате, да измислувате и да клеветите, но тоа само ме мотивира повеќе во борбата против вас, политичките измамници и против вашите слуги во опозицијата, циркузантите. Нема поголема чест од тоа да се бориш за својот народ и сограѓани со честитост, достоинство, многу работа и многу откажување.
А какви се фактите?
Македонија е на врвот според бројот на починати од корона вирусот. Македонија е на дното според бројот на вакцинирани. Го злоупотребивте здравјето на граѓаните за партиско/политички агенди, поткупи и предизборни измами. Пред 45 дена не убедувавте дека завршува епидемијата во август или почетокот на септември и по кој знае кој пат погрешивте, на почеток сме на нов бран. Новиот бран е само поради вашата неспособност. Помили ви се провизиите отколку обезбедување на вакцини за граѓаните. Да не ви беа послатки провизиите, од честа да работите за народот, денес ќе беше друга прилика. Неспособноста ваша убива.
Потфрливте во секој поглед. Вашето потфрлање чини загубени човечки животи. Од одговорност нема бегање. Граѓаните се мудри и казната ќе ја испорачаат за нешто повеќе од два месеци од денес, а наша задача ќе биде одговорноста.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот