Од денот на неговата официјална номинација од страна на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Карбинци, Виктор Паунов добива секојдневно се поголема и поголема поддршка од страна на жителите на Карбинци.
Од еуфоричниот пречек во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Во Карбинци од страна на членовите на партијата, па се до безрезервната поддршка од страна на граѓани на општината кои што не се партиски определени, повеќе од очигледно е дека Виктор Паунов ја ужива мнозинската поддршка од сите категории на граѓани во Карбинци.
Виктор Паунов е човекот кој ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки во изминатите неколку години а неговиот решен и посветен карактер да работи за доброто и просперитетот на сите граѓани, охрабрува дека за Карбинци и за жителите на оваа рурална општина допрва претстојат најдобрите времиња.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево