БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Заев и Филипче смислено прават кластери со бесконечни редови пред болниците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се сеќавате ли на шизофрените мерки на Заев и Филипче кога казнуваа луѓе коишто сами шетаа по улица за неносење на маски додека луѓе седнати во кафулиња и кафеани во затворен простор можеа слободно да си уживаат во кафе или некој друг пијалок?Ајде ќе речеш, колку и да беше мерката шизофрена и логично необјаснива, сепак важела за сите…

Но, дали може разумен човек да ги прифати постоечките мерки кои и овој пат имаат доза на шизофренија, но уште поопасно, новите мерки се класично пресликување на фашизмот и тоа во 21 век.

Кој ви дозволи да жигосувате цела категорија на граѓани за кои задоцнивте навреме да им обезбедите вакцини? Зошто ако имате доволно вакцини не овозможивте тој процес на вакцинација да се одвива паралелно на што повеќелокации низ државава? Или целта е свесно да правите кластери со бесконечни редови пред болниците?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сакам да предупредам дека ова не е случајно, туку дека ова е смислено сценарио од Заев и Филипче. Да, смислено е.Заев и Филипче во текот на летото свесно дозволија организирање на свадби и други свечености без никакви протоколи и контроли за да сега глумат загрижени државници, а преку нивните партиски гласноговорници ја фрлаат вината кон опозицијата и кон слободомислечките граѓани.

Заев е свесен дека велосипедот што го вози е со дупнати гуми и е свесен дека единствен начин да успее да дефокусира од криминалот во неговото најблиско опкружување, како и од крахот и неспособноста на сите полиња, е преку ширење на страв.

Оставка, бандо неспособна!

-фејсбук статус на Драган Ковачки

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace