На 10 март е роден Леонид Јанков (1878-1905), познат како Леонид војвода, за кого македонскиот народен песнотворец отпеал една од најубавите револуционерни песни – “Трба трби Гевгелиско“.
Во Македонската револуционерна организација Леонид се вклучил од рана воздраст, по стапките на својот татко Трајко Јанков. Првично бил курир во Организацијата, а потоа дејствувал како нелегален. Во 1901 бил откриен и лежел во затвор 6 месеци. По убиството на еден шпион станал четник во четата на Аргир Манасиев.
Учествувал во Илинденското востание во Гевгелиско, а по неуспехот на востанието на кратко мигрира во Бугарија. Во 1904 се враќа во Македонија, развивајќи широка револуционерна дејност во Богданско.
Од летото 1905 бил назначен за гевгелиски војвода. Тој бил револуционер кој бескомромисно расчистувал со предавниците, но за жал ќе стане жртва на уште едно од низот на македонските предавства. Во септември 1905 бил предаден од двајца свои другари, кај месноста Ѓуров Дол, село Ѓавато. Опколен од турскиот аскер, по целодневна престрелка, Јанков се самоубил за да не падне жив во рацете на непријателот. Секогаш да се гордееме со хероите кои паднале за македонската слобода, а уште повеќе со оние кои заминале со чинот на саможртва.
Вечна слава војводо!
-фејсбук статус на Проф. Виолета Ачкоска.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наместен од УДБА на денешен ден на лов на дивеч загинал Васко Карангелевски
Бугарски аналитичари: Мицкоски е прв кој како премиер го подигна Македонското прашање на меѓународно ниво
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание