Денеска во Здравниот дом во Делчево беше реализиран состанок во проширен состав на кој што присуствуваа сите матични доктори, стоматолозите, доктор од центарот за јавно здравје- епидемиолог.
Директорката на здравниот дом во Делчево Марија Глигоровска првенствено упати порака дека нема потреба од паника кај граѓаните.Целта на овој состанок беше да се договорат внатрешни интерни мерки кои што треба да ги превземат здравствените работници, околу дезинфекција, да се договори механизам на работа итн.
Причината за ваквата претпазливост е поради тоа што голем број на делчевчани се наоѓаат на привремена работа во Италија во заразените подрачја кои што во периодот кој што претстои ќе се враќаат во државата и во Делчево,
-соопшти Директорката на Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево.
Во продолжение во целост погледнете ја нејзината изјава:
Извор: Делчево365.мк
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Експлозија на плинска боца во Штип предизвикала материјална штета и повреда врз сопственичката
18 годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг во Берово
20 годишник од Штип заработи кривична пријава за трговија со дрога