По повод 30-от роденден на навивачката група “Војводи” Тетово на 02.11.2018 година (петок) се одржа моќна и незаборавна прослава по тетовските улици на која ниту еден тетовчанец не можеше да остане рамнодушен. Прославата започна во 18 часот пред Меана ,,ЕГЕЈ” со возила по што беше организирана поворка низ градските улици со незаборавни пиротехнички сценографии и пеење на навивачки и Македонски песни. .
Денеска на 03.11.2018 година (сабота) со почеток во 12 часот навивачката група се собра Пинк Пантер (стара Бубамара) и да се упат кон стадионот на спортскиот центар и сите заедно го проследија првенствениот натпревар на ФК Тетекс против Струга.
За крај прославата продолжи со коктел организиран во Ресторан Арена од 19 часот.
Со верба во Бог, ВОЈВОДИ до гроб !
Во продолжение погледнете го прилогот направен од страна на ТВ КИС за овој голем јубилеј на една од најбројните навивачки групи во Македонија.
како и видеото од организираната пиротехничка претстава која блескаже од сите страни во центарот на Тетово


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси