Според официјалните бројки на Заводот за статистика ан Република Македонија, нашата држава се наоѓа во групата на најсиромашни европски земји по однос на износот на просечната плата исплатена во минатата 2020 година.
Македонија се наоѓа во групата на најсиромашни земји по приходот на нејзините граѓани заедно со земји како Косово, Албанија, Белорусија, Грузија, Казахстан, Молдавија, Украина….
Просечната плата според Заводот за статистика на Република Македонија во 2020 година изнесувала 458 евра.
За споредба просечната плата во Монако во 2020 година изнесувала 5225 евра, во Лихнештајн 4887 евра, во Швајцарија таа изнесувала 4512 евра.
Од балканските земји највисока просечна плата во 2020 година имале граѓаните на Словенија во износ од 1290 евра по што следува Грција со просечна плата од 1116 евра.
Целиот графички преглед на состојбата со стандардот на граѓаните на европските држави може да го погледнете тука.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје