БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Директорот на Клиничката болница во Тетово поднесе оставка од морални причини

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Флорин Бесими под чие што директорување се случи фаталниот пожарт во тетовската модуларна болница пред два дена денеска попладнево си поднесе оставка од директорската функција поради морални причини.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција со која ја објави неговата оставка на директорската функција.

„Почитувани граѓани, почитувани тетовчани,Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница Тетово, уште еднаш да изразам сочувство до семејствата на жртвите кои ги загубија животите во трагичниот настан кој се случи во модуларната болница за КОВИД во Тетово.Како лекар, кој целиот мој професионален живот го посветив на лечење на нашите сограѓани и како прв човек на Клиничката болница Тетово, со која раководам во последните години, чувствувам морална одговорност од ужасниот настан во кој починаа луѓе.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна. Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19. Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле. Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста. На повредените им посакувам побрзо да закрепнат! Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга. Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани!“

-соопшти Флорин Бесими кој што од редовите на ДУИ како партија во владеачката коалиција со СДСМ е назначен на оваа функција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace