Денеска во емисијата “Што не е јасно” на ТВ Алфа свое гостување ќе има членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Во емисијата ќе биде отворена темата за одговорноста на Венко Филипче, за катастрофата што се случи во Тетово но и повеќе други актуелни теми.
Во продолжение ја пренесуваме најавата на водителот Љупчо Цветановски на самата емисија:
“Што не е јасно? 15.09.2021
ВЕЧЕРНА ШКОЛА ЗА ОДГОВОРНОСТ И МОРАЛ ЗА ПОВТОРУВАЧИТЕ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ
Интервју со полковник Драган Ковачки
Како дојдовме до ова дереџе и станавме земја во која неодоворноста на власта е толку нормална и се подразбира, а би било вистинско чудо и жива неверица некој од властодршците да ја понесе? Зарем, некој во Македонија се’ уште се надева во будење на моралот кај Заев, Филипче и Стојанче, и треба ли да ги пратиме во вечерно школо за овие за нив, непознати и непоимливи етички доблести…
За тоа што, во вистинската смила на зборот, е морал и одговорност, во „Што не е јасно?“ слушнете од прва рака од полковник Драган Ковачки, војник од кариера и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, безбедносен експерт кој ќе ни ја објасни и пародијата од парада со која власта ја не/чествуваше независноста – истиот ден кога се случи тетовската трагедија. Ковачки ќе ни ја објасни и итната потреба од реформи на системот со управување со кризи и фалинките во авганистанската авантура на Заевци.
Гледајте, само на Алфа во 18.15, веднаш по вестите…”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“