БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во изборна година- значително зголемени трошоците за горива во ЈП “Исар” во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција пред плацот на Јавното штипско претпријатие “Исар” опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара одговори на повеќе прашања од директорот на ова јавно претпријатие Здравко Коцев.

Игор Ефтимов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше јавноста во Штип дека од ЈП Исар во оваа изборна година ги зголемиле трошоците за гориво дури за 5 милиони денари повеќе во споредба со минатата 2020 година.

Интегралниот текст од прес конференцијата на Игор Ефтимов го пренесуваме во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Исар ги зголемил трошоците за горива во 2021 година за 5 милиони денари.  

Претходната година, проекцијата била да се потрошат 15 милиони денари, а оваа година пораснала дури до 20 милиони денари. 

Меѓутоа, што е спорно? 

Нејасно е како од сите можни компании, на тендерот добила компанија на човек, кој е пријател на директорот на ЈП Исар?  

Дали 2021 како година на избори влијаела на зголемување на износот кој ќе се троши за горива? 

Или пак се работи за бизнис интерес на директорот? 

На овие прашања го повикуваме да одговори лично Магистерот за безбедност и да ги реши недоумниците во јавноста!”

-реагираше Игор Ефтомов на прес конференцијата од пред ЈП Исар во Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот