БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ѓорѓе Иванов во работна посета на Анкара, Турција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СООПШТЕНИЕ од Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов

Kабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, информира дека Претседателот Иванов беше во дводневна посета на Анкара, Република Турција, во периодот 25-26 октомври 2021 година.

Посетата беше на покана на Универзитетот за економија и технологија ТОББ од Анкара, еден од најреномираните универзитети во Турција, каде Претседателот Иванов од 2009 година ја има титулата Почесен доктор на науки. Претседателот Иванов гостуваше во рамките на Сесиите на семинари за мир и дипломатија организирани од ТОББ Универзитетот и одржа предавање пред студентите на Катедрата за политички студии и меѓународни односи на тема „Турска надворешна политика на Балканот: поглед од регионот“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исто така, покрај средбата со Ректорот на ТОББ Универзитетот, поранешниот Претседател Иванов се обрати и пред професорите на ТОББ Универзитетот на темата „Милет системот и Пакс Отомана: заборавени или ненаучени лекции од 16-ти и 17-ти век“.За време на посетата на Анкара, Претседателот Иванов оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Турција, Н.Е. Мевлут Чавушоглу, на која беа потврдени добрите односи меѓу Република Македонија и Република Турција.

Креирано од:


Пренеси го гласот