Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов, од својот прв работен ден започна со реализација на своите предизборни ветувања.
Тој на својата инаугурација како нов татко на опшштина Карбинци ја изрази својата определба уште еднаш општината Карбинци да биде отворена општина – сервис за сите жители на Карбинци.
“Огромна одговорност и обврска да ја градеме нашата Општина онака како што заслужува нашиот народ.
Од денес вратите на општинската зграда се отворени за секој наш жител, ќе работиме и ќе покажеме резултати!”
-соопшти Градоначалникот Паунов на својот прв работен ден.
Притоа тој соопшти во јавноста дека од денеска ги укинува трошоците за ручеци за функционерите на општина Карбинци- популарно наречените репрезентации. Исто така Градоначалникот Виктор Паунов јасно и гласно стави до знаење дека од денеска службените возила во сопственост на локалната самоуправа и локалните институции ќе се користат единствено за потребите на вработените службени лице но не и за именуваните и избрани функционери, вклучително и за него самиот. На тој начин Градоначалникот Виктор Паунов очекува да се намалат драстично трошоците од општинскиот Буџет кои што до сега се трошеле за овие ставки.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи