БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градиме општина без кал, рече Градоначалникот на Карбинци на почетокот на изградбата на 3 нови улици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Селата Карбинци и Радање ќе добијат 3 нови улици во наредниот период. Денеска започна реализацијата на градежните работи за изведба на 3 нови улици во должина од 500 метри од страна на фирмата изведувач. Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов присуствуваше денеска на терен на лице мест со цел да се увери дека нема никакви технички проблеми во однос на реализацијата на овие проекти. Овие три улици во изминатиот период беа насушна потреба за жителите кои што во еден од најубавите краеви на Македонија буквално живееја во кал што им создаваше проблеми при секој врнеж на дожд.

“Денес започнавме со изградба на 3 нови улици во селата Карбинци и Радање во должина од 500 метри. Нови 3 улици ќе добијат асфалт и ќе се реши уште еден проблем во овие населени места.✅

Општина Карбинци без кал! ✅“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-истакна за јавноста Виктор Паунов – Градоначалник на општина Карбинци.

“Недозволиво е во 21 век во срцето на Македонија граѓаните на нашата општина да живеат во услови како во 19 век. Затоа поставивме цел во наредниот период општина Карбинци да биде место каде што жителите нема да газат кал во нивното секојдневие при извршување на нивните секојдневни обврски во населените места низ општината.”

-соопшти Градоначалникот Паунов во изјава за нашиот портал.

Креирано од:


Пренеси го гласот