На денешен ден (13 јуни 1943 година) во крајно сомнителни околности на планината Лопушник над родниот Велес загинува Македонскиот поет и револуционер Коста (Кочо) Солев Рацин.
Кочо Рацин се смета за еден од родоначалниците на современиот Македонски литературен јазик, вонвременски поет и писател, кој со своето дело ги задолжи сите идни генерации на Македонци да го почитуваат, афирмираат и надградуваат она што тој го започна во својот прекраток овоземски живот.
Збирката поезија “Бели Мугри” е ремек дело произлезено од креативниот ум на младиот автор, но уште повеќе е камен темелник за Македонскиот јазик, чија што кодификација во современ јазик на Македонскиот народ започнал токму со ова дело и уште неколку други негови современици.
Покрај поезијата Кочо Рацин пишувал и трактати, реферати, состави и повеќе други литературни форми со кои што исто така на еден нему својствен начин се втемелува во историскиот континуитет на Македонски дејци.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ