БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Универзитетски професор агитирал за СДСМ пред избори и бил платен “дебело” за тоа од Министерството за одбрана

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонската јавност е сведок на еден од поголемите скандали кои што го тресат Министерството за одбрана и целата влада во глобала.

Откако на социјалните мрежи се појавија информации дека универзитетски професор бил работно ангажиран со договор за дело во Министерството за одбрана за да дава поддршка во форма на свои текстови, на коалицијата “Можеме” која што ја предводеше СДСМ на предвремените парламентарни избори во 2020 година.

Професорот исто така како што пишува во неговиот извештај за спроведени активности за кои што добил поголема сума на пари од Министерстовто за одбрана на својата сметка бил вклучен и во агитациски активности за потребите на оваа коалиција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата крајно проблематична состојба своја реакција во јавноста упати и пратеникот Драган Ковачки кој ги повика одговорните да се произнесат за овој скандал.

“Додека угледниот професор по право којшто СДСМ го понижи и го направи партиски бот, јавно призна дека земал државни пари за пишување партиски текстови, јавноста остана без одговори од страна на надлежните во Министерството за одбрана и Владата.

Останува неодговорено колку такви договорци на дело – професионални партиски ботови СДСМ и ДУИ имаат распоредено по институциите.

Чувствува ли Славјанка Петровска одговорност?

До кога ќе молчи Dimitar Kovacevski за овој скандал што е слика на македонската беда и јад што владее во институциите под јаремот на СДСМ и ДУИ?

Ќе ги врати ли парите угледниот професор – бот?

#Оставка“

-соопшти преку социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот