Еден од основните предуслови за нормално функционирање на атмосферската канализација и отворените водотеци предвидени за собирање и спроведување на атмосферските води е постојаната грижа за нивната функционалност соодветно нивната намена. Преку нормалното функционирање на оваа инфраструктура се овозможува превенција и успешно справување со поголеми количества на врнежи во критични периоди во годината кои што можат да предизвикаат несакани последици по имотите и безбедноста на граѓаните, особено ако се оштетени или запишени со несакани предмети и материјал.
Токму од тие причини во изминатите 2 месеци специјализирани екипи на Јавното претпријатие “Стипион” од Штип интензивно работеа на расчистување на запуштената каналска и канализациона инфраструктура која што служи за одведување на атмосферските води на територијата на Штип.
Директорот на ЈП “Стипион” денеска упати апел до граѓаните да се однесуваат одговорно кон оваа и останатата инфраструктура која што се одржува од пари на граѓаните.
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
“Сакам да упатам апел до граѓаните да не фрлаат отпад и шут во атмосферските канали и решетки за да не дојде до нивно запушување и несакани последици од поплави на улиците и домовите. Јавното претпријатие “Стипион” како и во изминатите 2 месеци ќе продолжи да ја сервисира оваа инфраструктура, но потребен е и одговорен пристап на граѓаните за поуспешно превенирање на можни несакани последици”,
-соопшти Директорот Игор Ефтимов во изјава за нашиот портал.
Од ЈП “Стипион” стојат на располагање за соработка со граѓаните кои што имаат да пријават било каков проблем од делокругот за работа на претпријатието за успешно излегување во пресрет на потребите на самите граѓани поради кои постои самото јавно претпријатие.
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца