Откако претходно беа утврдени неправилности во изведбата на трасата на локалниот пат кон т.н. Дракарско маало во Македонска Каменица, денеска фирмата изведувач по втор пат ја асфалтираше оваа делница на свој трошок. Одговорното и професионално работење на општинската администрација под раководство на градоначалникот н општина Каменица Димче Атанасовски допринесоа за воочување на неправилностите и до успешна реализација на овој проект кој што е од големо значење за жителите кои гравитираат кон овој дел од општината. По реакцијата на општинските власти фирмата изведувач беше обврзана да ги изведе градежните работи согласно пропишаните проектни стандарди.
За ваквата досега речиси невидена пракса своја реакција во јавноста упати и Градоначалникот Атанасовски кој уште еднаш посочи на своите определби за сузбување на криминалната реализација на проектите во интерес на граѓаните на МАкедонска Каменица.
“Повторно се асфалтира патот до Дракарска маала во село Луковица на трошок на фирмата-изведувач
HTML Image as link
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
Поради утврдени неправилности во изведбата на локалниот пат до Дракарска маала во село Луковица, а по реакција на Општина Македонска Каменица, денес се асфалтираше целата делница.
Ставаме крај на криминалната реализација на проектите и силно сме посветени на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Продолжуваме одговорно!”
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица во оваа прилика.
Информативен интернет портал посветен на граѓаните на Брегалничкиот регион..
Контакт маркетинг и редакција: 079/329-300 или на e-mail: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца