Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски го објави повикот за пријавување на учесници во 5-та по ред велосипедска тура во природа околу Калиманското езеро која ќе се одржи на 9 октомври со почеток во 09.00 часот..
Станува збор за средно тешка велосипедска патека со комбинирана подлога околу Калиманското езеро.
Пријавувањето на заинтересираните велосипедисти е до 8 октомври а секој учесник потребно е та уплати котизација од 300 денари пред почетокот на патеката за што ќе добие храна и промо материјали за самиот настан.
“Ве покануваме, во недела на 9-ти октомври 2022 година, да учествувате на јубилејната 5-та по ред Велосипедска тура во природа ,,Tour the Kalimanci Lake 2022”
Патеката е во категорија на средно тешки патеки, во должина од 40 км. Се вози по комбинирана Off Road и асфалтна подлога околу водите на Калиманско Езеро.
Старт: 09:00 часот. Парк на рударите, Македонска Каменица.
Стартен пакет се наплаќа 300 денари, и истиот вклучува маичка за секој учесник, патна храна, овошје, вода и ручек во Македонска Каменица по завршување на турата.
Напомена: Задолжително носење заштитна кацига, исправен МТВ велосипед, патна опрема, резервна гума, шушкавец и дрес/маичка зависно од временските услови.
Пријавувањето за Tour The Kalimanci Lake е до 08. Октомври 2022 година, на следните контакт телефони:
070 786 000 Горан Ристовски
071 371 382 Васко Десподовски”
-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Фетаи на Меѓународниот ден против корупцијата: „Интегритетот не е слоган; тој е основата врз која се гради довербата, се открива просперитетот и се обезбедува нашата заедничка европска иднина“
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник