На 9-ти октомври во Македонска Каменица се одржува првата ноќна градска трка Kamenica Night Run.
Kamenica Night Run е трка со должина од 5 и 10 километри, која започнува од Градскиот плоштад во 19:00 часот и ќе се одвива долж градските улици во Македонска Каменица. Трката е во кругови, со поставени пунктови со освежителни пијалоци за учесниците.
Пријавувањето за учество на Kamenica Night Run е во тек и завршува на 6-ти октомври, а котизација за учество не се наплаќа.
За првите 30 пријавени, организаторот доделува подарок маичка со лого на трката. Маичките се обезбедени од генералниот покровител на настанот Рудник Саса. За најдобрите тројца учесници се доделуваат пригодни награди.
Контакт телефони за пријавување:
Васко Десподовски 071 371 382
Горан Ристовски 070 786 000
Гоце Стојановски 078 566 469

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа