БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Лозово доделува стипендии за средношколци и студенти од општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На последната седница на Советот на општина Лозово Градоначалникот Бошко Цветковски иницираше доделување на две стипендии на средношколци и една стипендија за студенти од општината.

Ваквата иницијатива на градоначалникот беше поддржана од страна на советниците во општинскиот Совет со што се створија услови за објавување на конкурсот кој што трае од денес до 15 октомври.

“Почитувани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👉Би сакал да Ве известам дека на моја иницијатива како Градоначалник на општина Лозово, на изминатата седница на Совет беше поднесено барање за стипендирање на средношколци и студенти во траење од 9(девет) месеци за учебната 2022/2023.

📃На мое огромно задоволство, Барањето беше позитивно прифатено од страна на Членовите на советот на Општина Лозово и на самата седница се донесе одлука со која за задолжија комисија формирана од членови на совет и од општинската администрација да распише Јавен конкурс со кој се предвидува доделување на:

✅2(две) Стипендии на ученици-средношколци кои учат во средни училишта во Република Македонија и

✅1(една) Стипендија за студенти запишани на државните универзитети во Р. Македонија за учебната 2022/2023 година, а истите се жители на општина Лозово.

✍️Наша цел како локална самоуправа е намалување на препреките, произлезени од социјалната состојба, со кои што се соочуваат младите и кои може да влијаат врз нивниот академски развој.

🫵Ние веруваме дека секое дете има потенцијал да го исполни својот сон!

Затоа, го даваме најдоброто од себе за да ги поттикнеме нашите студенти и средношколци преку својот успех да го исполнат својот сон..

📂Би ги замолил сите средношколци и студенти кои исполнуваат дел од подоленаведените критериуми да се пријават на Јавниот конкурс.

п.с. Има Разлика👌

-информираше градоначалникот Бошко Цветковски во јавноста денеска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace