Во текот на изминатиот викенд дежурни екипи на јавните претпријатија “Исар” и “Стипион” од Штип работеа на повеќе локации со активности за санирање на последиците на временските неприлики кои што предизвикаа потешкотии на функционирањето на комуналната инфраструктура.
Екипите на ЈП “Исар” Штип работеа на отстранување на наносите од земја и вегетација на дел од улиците во градот:
Екипите на ЈП “Стипион” Штип работеа на расчистување на атмосферските решетки и сливници расчистување на наносите по улиците, и оспособување на коловозите во Општина Штип за нормално сообраќајно функционирање, но и превенција од понатамошни врнежи кои може да предизвикаат поголеми проблеми доколку не се санираат ваквите штети.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа