На денешен ден рано утрото во 2018 година почина поранешниот претседател на Македонското собрание, режисер и писател Љубиша Георгиевски.
Георгиевски беше претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор во Бугарија од 2000 до 2004 година, потоа и амбасадор во Белград, и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006 до 2008 година. Георгиевски како театарски режисер, има реализирано над 160 претстави во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Полска и други држави.
Автор е на десетина книги. А како филмски режисер има режирано четири филма: „Под исто небо“, „Планината на гневот“, „Републиката во пламен“ и „Цената на градот“. Љубиша Георгиевски е добитник е на повеќе од дваесетина награди низ поранешна Југославија и во Македонија.
Тој беше еден од активистите- говорници на протестите на движењето За Заедничка Македонија во 2017 година.
Љубиша Георгиевски роден во Битола на 30 мај 1937-та година, а почина на 81-годишна возраст.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во спомен на Мето Јовановски: -Малиот човек може да создаде нешто вонвременски важно и големо и повторно да остане оној скромен и обичен човек кој што бил пред овој негов подвиг
Ин мемориам: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време
Сонував дека сум цар. Се разбудив и се уште бев цар- на денешен ден замина последниот Македонски цар