БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проекти за сечиј вкус во отчетот на градоначалникот Атанасовски: Македонска Каменица е лидер во регионот по диверзитетот на реализираното

Пренеси го гласот

Капацитетот и жестината на граѓанскиот концепт на една локална заедница зависи во огромна мера од потребите и барањата на самите граѓани. Во таа смисла општина Македонска Каменица е своевиден лидер во овој дел од државата во имплементацијата на широка палета на проекти кои што се од интерес и барање на различни таргет групи граѓани кои живеат во општината.

Врз основа на постојаната комуникација со граѓаните, различните граѓански организации и активисти i потребите на бизнис секторот, градоначалникот на општина Македонска Каменица во својот отчет за превата година од својот мандат понуди широк диверзитет на проекти со кои што се идентификуваат различни таргет групи во општината.

Во тој учинок за само една година градоначалникот Димче Атанасовски направи јасна дистинкција од неговите претходници во работата и реализацијата на локалната самоуправа, инвестирајки сериозно ниво на посветеност и труд на реализацијата на проектите за граѓаните заедно со вработените во општинската администрација и членовите на советот на општина Македонска Каменица. Нивото на демократија кој што е присутен во процесот на носењето на одлуки во општина Македонска Каменица е една од основните причини за тој диверзитет на реализирани проекти. Квалитетот и квантитетот на реализирани проекти од страна на општинската управа предничи споредбено над сите претходни периоди на неговите претходници а тестот на времето ќе каже дали ваквиот интензитет ќе продолжи и во иднина.

Отчетот на градоначалникот Димче Атанасовски е репрезентативен документ за тоа како изгледа еден модерен патриотизам на човек и екипа околу него кои си го сакаат својот град, неговите перспективи и развој во моменталниот поширок општествен контекст во државата.

[Best_Wordpress_Gallery id=”183″ gal_title=”Димче Атанасовски- 365 дена промени што носат иднина”]

Во рамки на првиот политички саем на реализирани проекти на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Димче Атанасовски истакна важни аспекти за принципите на неговиот менаџмент со парите на сите граѓани од Македонска Каменица кои што добија убава материјализација во овие проекти реализираниво функција на задоволување на нивните потреби и барања. Без било какви обвинувања и политички флоскули градоначалникот на овој саем пред целокупната локална и поширока јавност во државата искажа решителност и фокус на она што тој го има ветено пред граѓаните и она што треба да биде Македонска Каменица во иднина како вистински сервис на сите жители на општината. Реализираните проекти од капитален карактер во отчетот на градоначалникот Атанасовски се распространети рамномерно како во руралните заедници во општината така и во градското јадро и значат сериозно придвижување напред во подобрувањето на стандартот на сите граѓано.

Во продолжение го пренесуваме обраќањето на градоначалникот Димче Атанасовски од првиот политички саем на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за реализираните проекти во првата година од нивниот мандат:

Креирано од:


Пренеси го гласот