БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бил страв и трепет за османлиите: Дедо Иљо Малешевски остави светол аманет за гордите Малешевци и сите Македонци. Нека му е вечна слава

Пренеси го гласот

На денешен ден во 1898 година се упокоило телото на Малешевскиот војвода, комите, револуционер и инспиратор на Македонскиот народ од втората поливина на 19-тиот век, големиот Дедо Иљо Марков Малешевски.

Илија Марков, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода (28 мај 1822, Берово – 17 април 1898, Ќустендил) (стар стил) — македонски ајдутски и востанички војвода.

Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред.

Учествувал со македонски доброволци во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот баталјон. Бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско-турската војна во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка.

По ослободувањето на Ќустендил, со 150 македонски доброволци се одвоил од руската рамија и учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал во Македонското востание .

Дедо Иљо Марков Малешевски е еден од родоначалниците и инспираторите на Македонската револуционерна борба која се разгорела во Илинденскиот период, за да прерасне во борба за конечна слобода на Македонскиот народ.

Она што го започнал Иљо Марков, го продолжил Поп Стојан, Димитар Поп Георгиев Беровски и плејада знајни и незнајни револуционери кои ја запалиле искрата на Македонската непрестајна борба за слобода.

Тој е опеан е во народните песни од своите Малешевци кои љубоморно го чуваат и пренесуваат аманетот од колено на колено за големината на делото на Дедо Иљо.

Креирано од:


Пренеси го гласот