БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со особена почит и благодарност, денес оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и духовност.

Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат кон писменоста, просветата и духовниот развој на словенските народи.

Нивната мисија беше подоцна продолжена од нивните ученици, меѓу кои и Свети Климент Охридски, преку чие дело се развива кирилицата, писмото кое претставува основа на македонскиот јазик.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја и културниот идентитет. Нивната просветителска мисија не познава граници, затоа што тие ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовните вредности што и денес нè обединуваат.

Овој голем празник, нè потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, да ја почитуваме традицијата, да вложуваме во образованието и да го пренесуваме ова бесценето наследство на идните генерации.

Да бидеме чувари на светлината што ја запалија Светите браќа Кирил и Методиј, зачувувањето на нивното дело е чест и одговорност кон нашето минато, сегашност и иднина, затоа што тие ја претворија писменоста во светлина за идните поколенија.

Нека е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace