БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делчевската гимназија СОУ “Методи Митевски Брицо” ги започна уписите на новите средношкколци кои што наредните 4 години во училиштето ќе може да се стекнат со компетитивни знаења на пазарот на трудот со што може да си овозможат полесно вработување со добро платена работа.

Делчевската гимназија може да се пофали со фисокопрофесионален кадар кој што покрај теориската настава на учениците им пренесува и практично знаење. Во училиштето се вреднува тимската работа и континуитетот на градење на знаењето, со што стекнатите знаења учениците ќе може да ги искористат во подоцнежниот живот.

Општина Делчево и Градоначалникот има имплементирано мерки за стимулација на успехот преку воведени голем број на стипендии за успешни и активни средношколци, но и директни награди за најдобрите матуранти кои што во четирите години поминати во делчевската гимназија покажувале континуиран успех.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дополнително прифатиот сектор во Делчево има развиено свои програми за стипендирање на ученици во гимназијата така што по завршување на средното образование учениците полесно може да најдат работа на пазарот на трудот.

СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево преку социјалните мрежи упати повик за запишување на нови средношколци преку официјалниот сервис за уписи:

“Твојата креативност може да стане професија! 

Создавај мода, претвори идеи во уникатни креации и изгради сигурна иднина во светот на текстилството. 

Оваа година нудиме образовен профил од текстилната струка:

 Техничар за изработка на облека – 4 годишно траење

 Практична настава и современа обука

 Развивање на креативност и дизајнерски вештини

 Можност за учество на модни ревии и проекти

 Можност за стипендија

 Можност за вработување и професионален напредок

УПИСИ 2026
Електронско пријавување: 12.06 – 15.06.2026 на uslugi.gov.mk
Доставување документи: 16.06 и 17.06.2026 во училиштето

 Од училница до успешна модна приказна”

-напишаа од СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace