Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски во јавноста соопшти дека денеска започна со втората фаза за асфалтирање на улицата Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица. Оваа улица е значајна сообраќајница за побрз и побезбеден проток на превозни сретства на граѓаните на Македонска Каменица со која значително ќе се подобри животниот стандард во општината. Реализацијата на овој прект е дел од приоритетите за реализација на програмата на градоначалникот Атанасовски за 2022 година. Со зголемен инензитет ќе продолжи реализацијата и на останатите проекти ветени на граѓаните во наредниот период на локалната самоуправа.
“Заедно со Влатко Димитровски – директор на ЈП Камена Река сме на увид на проекти кои се реализираат во моментов.
Денес започнува асфалтирањето на улица “Миле Јаневски Џингар” (фаза 2) во Македонска Каменица.
Со изградба на нови улици и патишта ќе продолжиме во текот на 2023 година, со што поголем дел од инфраструктурните проблеми ќе бидат решени.”
-информираше денес во јавноста градоачалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа