Соработката на градоначалникот на оштина Македонска Каменица продолжува да се продлабочува во функција на развој на вистинско граѓанско општество на локално ниво за пример на многу поголеми општини во регионот и пошироко.
Денеска во посета на општина Македонска Каменица на прием кај градоначалникот беа претставници на Здружението на пензионерите од општинскиот актив.
“Денес, во посета на Општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атанасовски беа претставници од локалното Здружение на пензионери. Ова Здружение е исклучително активно и е организатор на неколку спортски и културни манифестации, како и на активности од социјален карактер кои се одржуваат и спроведуваат во Македонска Каменица. Здружението е редовен учесник на различни државни пензионерски настани, а на неодамна одржаните републички спортски натпфевари во Охрид, г-ѓа Миропа Иванова го освои првото место во домино.
Плановите на раководството се уште поамбициозни и тие најавуваат повеќе активности и зголемено учество во сите сфери на општественко живот.”
-информираше градоначалникот Димче Атанасовски во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
По пријава на неговата 21 годишна ќерка уапсен 49 годишен жител на Свети Николе