Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска ја информираше јавноста за рехабилитацијата на дел од регионалниот пат кој што е на планината плачковица и води до викенд населбата “Вртешка”. Овој регионален пат е особено фрекфентен и користен од страна на граѓаните кои што поминуваат дел од своето време во природа и рекреација на планината Плачковица.
Лошата состојба на коловозот која што предизвикуваше потешкотии за возилата кои гравитираат по оваа патна делница ќе биде надмината во функција на претстојната зимска сезона.
“Денес асфалтираме и на дел од регионалниот пат во Плачковица.
Во соработка со Македонија пат се поправаат местата на кои е оштетен коловозот. Пристапот до викенд населбата Вртешка ќе биде значително подобрен.
“
-соопшти градоначалникот Виктор Паунов во врска со оваа градежна активност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ во Кочани
Активности од кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Кочани
Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, лишено од слобода едно лице, следува пријава