Во изминатиот период градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски работеше на еден значаен проект за граѓаните на општината но и пошироко во регионот. Во рамки на програмата за Прекугранична соработка меѓу општините Македонска Каменица од Македонија и Невестино од Бугарија се реализира проектот за „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“, со референтен број CB006.2.12.039, кој се реализира преку Interreg-IPA Програмата.
Во рамки на проектот во Македонска Каменица е изградена Кула за рана детекција на шумски пожари во село Саса, Македонска Каменица.
Реализацијата на овој проект е од големо значење за Македонска Каменица но и поширокиот регион кој што во последните неколку години е опустошен од шумски пожари кои што предизвикаа економски загуби за целокупниот регион но и драматични промени на микроклиматските услови за живот.
Македонска Каменица е прва општина во регионот која предничи пред сите други во имплементацијата на ваков проект кој што е особено потребен за граѓаните и институциите.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа