БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Британија од наредната година ќе пушти во употреба монети со името на JRR Tolkien

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Името на авторот на едни од најпознатите литературни дела во светот “Господарот на прстените” и “Хобитот”, англискиот писател JRR Tolkien ќе се најде на монета во номинална вредност од 2 фунти.

Од наредната година Британското министерство за финансии ќе пушти во нормален оптек монета на која стои името на светски познатиот писател, поет и професор Толкин, кој што е еден од најзначајните автори на минатиот век а можеби и во целокупната модерна литература како афтор на трилогијата Господар на прстените и приказната за Хобитот кои што се дел од еден огромен креаторски имагинарен унверзум што плени со својот духовен и авторски наратив.

На монетата стои името на писателот неговите години на раѓање и смрт а во средината графички монограм кој што го симболизира целиот имагинарен свет на Толкин кој што се смета за родончалник на модерната епска фантазија како култиролошки феномен присутен во уметноста и секојдневниот живот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во круг околу монограмот на фиктивниот јазик измислен од Толкин кој што се користи во неговите дела стои испишано “Не сите што талкаат се загубени.”

Голем број на фанови на делото на Толкин од велиот свет веќе покажаа желба да имаат во сопственост ваква монета што ќе биде дел од нивните колекционерски предмети кои ги собираат а се дел од универумот на Толкин.

Ова е вистински начин да се одаде почит на еден монументален автор кој што слободно можеме да кажеме дека го има моделирано развојот на уметничкиот нарадив за денешните но и идни времиња на глобалната светска цивилизација.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace