Годинава продолжува со своите невообичаени атмосферски состојби. Веќе е втора половина на месец јуни а врнежите од дожд речиси секој трет ден и да не стивнуваат.
А кога врне многу често и грми. Фасцинантна и повеќе застрашувачка е глетката од молња на небото која му претходи на силниот звучен тресок кој ги возбудува човечките сетила до максимум. Светлината која ја емитува молњата е преубава но во исто време може да биде и особено опасна.
Не се ретки случаите кога гром усмртува луѓе, животни (особено на отворено поле или планина) и предизвикува голема материјална штета во вод на пожари. Многу почести се случаите кога преживуваат луѓето кои што ги погодил гром. Ваквото променливо влијание врз живиот свет на молњите се должи на непредвидливоста и променливоста на електричниот потенцијал кој што се празни од спротивно наелектризираните облаци на површината на земјата како и многу други околни фактори. Познати се случаи на смрт под влијание на струен удар со напон од 50 волти, но исто така не се ретки случаите на луѓе кои преживеале струен удар од 100 000 000 волти. Од значење е да се напомене дека смртноста на струјниот удар ја носи интензитетит на јачина на струјата мерена во ампери.
Влијанието на надворешен струен удар врз човековото тело е големо затоа што човечкиот организам работи врз основа на електрични импулси генерирани и пренесувани од нервниот систем на телото. Клетките од кои што се изградени човечките ткива и органи се извор на електричен полнеж налик на мали батерии чиј што био ритам лесно може да се поремети од страна на надворешен доток на електрична енергија. при што може да настане и нивно структурално пореметување. Под влијание на надворешен струен удар се менува хемискиот и физичкиот состав на клетките при што доаѓа до нивна дисфункционалност. Ефектите на надворешен струен удар на телото може да доведат до нарушување на функционалноста на нервниот систем, губење на свеста па дури и кома. При тоа може да се наруши и функционирањето на крвните садови и срцето како и респираторните органи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Пушти го кучето нека провери…
Безвременски цитати: Емил Зола