Нема поубави моменти од моментите кога во заедништво властите и народот ќе ги споделат најубавите и највеселите моменти од нивнто секојдневие.
За ваквиот приме сведочи дочекот на новата 2023 година од страна на градоначалникот н општина Македонска Каменица заедно со неговите соработници заедно со граѓаните-народот на овој рударски град од истокот на државата.
Градоначалникот Атанасовски во оваа прилика посака успешна и бериќетна 2023 година на сите свои сограѓани и целокупниот Македонски Народ.
“Новата 2023 година ја дочекав на Градскиот плоштад, со моите сограѓани, во убав амбиент и со одличен огномет.
Продолжуваме заеднички во периодот што ни претстои и верувам дека многу од зацртаните цели ќе ги реализираме и ќе имаме година за паметење само по убави работи.
Нека ни е успешна и бериќетна 2023 година!”
-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип
Во општина Кочани мора да владее законот: Пристигна оставката на директор на ООУ „Никола Карев“. Почнува постапка за избор на нов директор
Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“