Градоначалникот на општина Маакедонска Каменица, за потребите на Јавната општинска установа детска градинка “Бамби” денеска донираше три големи телевизори кои што ќе служат на вработените како и дечињата во рамки на образовно воспитниот процес.
Покрај ваквата грижа на градоначалникот за подобро воспитно-образовен процес за дечињат во детската градинка, од наредната недела ќе започне исплатата на одобрените финансиски сретства за првачињата во основното образование како и средношколците во гимназијата.
“Денес, за потребите на ЈОУДГ “Бамби’ дониравме четири телевизори, со кои ќе се подобри спроведувањето на воспитно-образовниот процес во установата.
Телевизорите се набавени во рамки на субвенциите од Договорот за мобилни телекомуникациски услуги.
Од наредната недела ќе започне исплата на одобрените средства за сите првачиња и за средношколците запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар”.
Продолжуваме со поддршка и инвестиции во образованието, нашите дечиња ги заслужуваат најдобрите услови”
-информираше на социјалните мрежи градоначалникот Димче Атанасовски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево му го честитаа Светскиот ден на туризмот на Градоначалникот
Изградба на Митрополија на Брегалничката Епархија во Штип
Жителите на село Козјак, општина Карбинци добиваат нова улица