Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Конечно убава вест за штипјани. Добиваат најсовремено кино како придобивка на едно модерно урбано живеење

Пренеси го гласот

Во денешно време и не е некоја радосна вест да им соопштиш на граѓаните дека ќе добијат кино. Но погубните политики на актуелната влада овозможија граѓаните да се радуваат и на нормални работи кои што со владеењето на СДСМ станаа реткос.

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов ја информираше јвноста дек наскоро штипјани ќе добијат најсовремено опремена кино сала каде шт ќе можат да ги следат проекциите на најновите светски филмски остварувања.

Во соработка со Киноверзум кој што се наметнува во Македонија како единствен ланец на кино сали штипјани ќе можат да бидат дел од светската филмска уметност за подобар социолошки и културен напредок на сите генерации на жители на Штип но и пошироко во регионот.

“Н А С К О Р О …

Нашиот град, за прв пат после 20 години ќе добие кино!

Заедно со Киноверзум, кој прераснува во единствениот македонски ланец на кина ќе го оствариме сонот на штипјани – да имаат можност да следат филмски проекции во сопствениот град.

Современата технологија која ќе се инсталира, ќе овозможи прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.

Општина Штип и Киноверзум ќе донесат урбана свежина во социјалното живеење во нашиот град!”

-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com