На денешен ден на 69 годишна возраст во 2015 година почина Македонскиот актер, припадник на Македонските Лавови во 2001 и 2002 година како и докажан Македонски родољуб и патриот Благоја Спиркоски Џумерко.
Џумерко е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп. Во 1966 година станал член на прилепскиот народен театар каде работел се до неговото пензионирање.
Во 2011 година е добитник на престижната театарска награда Војдан Чернодрински за животно дело.
Благоја Спиркоски – Џумерко е најпознат по улогата на Итар Пејо во телевизиската драма „Солунски патрдии“.
Одиграл значајни улоги во голем број македонските играни филмови меѓу кои се: „Македонски дел од пеколот“ од 1971 година „Тетовирање“ од 1991 година, “Бог да ги убие шпионите” од 1992 година, „Викенд на мртовци“ од 1988 година, „Како убив светец“ од 2004 година, како и во тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.
Во 2001 година за време на војната во Македонија Благоја Спиркоски стана припадник на Македонската воена единица Македонски Лавови се до нејзиното распуштање до 2002 година.
Благоја Спиркоски Џумерко во пошироката Македонска јавност е познат како голем родољуб и патриот.
Вечна му слава.
Целата филмографија на долгометражни филмови на Благоја Спиркоски Џумерко:
1972: Истрел (Споредна улога)
1977: Пресуда (Споредна улога)
1980: Оловна бригада (Главна улога)
1984: Нели ти реков (Главна улога)
1985: Јазол (Споредна улога)
1987: Хај-фај (Споредна улога)
1994: Пред дождот (Споредна улога)
1999: Време, живот (Споредна улога)
2003: Едно од лицата на смртта (Актер)
2004: Како убив светец (Споредна улога)
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Споменикот на Тоше во Хрватска лажно носи натпис “Роден во Северна Македонија”
Си замина Нестор Огинар- Голем противник на поранешното едноумие и борец за Македонската кауза
Славко Јаневски: МОЛИТВА