БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средношколците во Македонска Каменица од денеска може да аплицираат за помош од 20.000 денари од општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“ОД ПОНЕДЕЛНИК (03.10.2022) ЗАПОЧНУВА ПОДНЕСУВАЊЕТО НА БАРАЊА ЗА ИСПЛАТА НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ВО ВИСИНА ОД 20.000 ДЕНАРИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СОУ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“

(во гимназиско обрзаование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка)

Од понеделник-03.10.2022 година започнува поднесувањето на барања за исплата на еднократна парична помош во висина од 20.000 денари за сите средношколци запишани во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во гимназиско обрзаование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка. Пријавувањето ќе трае до петок-28.10.2022 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Барања за овој тип помош можат да се поднесат во архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден до 15.30 часот. Образецот-барање за аплицирање се пополнува во просториите на Општина Македонска Каменица, а во прилог се доставуваат следниве документи:

1. Потврда во оригинал за запишан ученик во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во гимназиско обрзаование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка;

2. Фотокопија од извод од матична книга на родените (за ученикот);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од

родителите/старателите;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател.

Општина Македонска Каменица ја воведува оваа мерка со цел зголемување на бројот на ученици кои се запишуваат во средното општинско училиште, а веќе од наредната учебна година ќе биде воведена финансиска поддршка за сите ученици во СОУ „Миле Јаневски Џингар“.

Наша определба е да обезбедиме финансиска поддршка за цело времетраење на образовниот процес со што значително ќе ја подобриме економската состојба кај нашите жители, а ќе влијаеме и на минимизирање на социјалните разлики.

Продолжуваме посветено!”

-соопштение упатено во јавност од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace