БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Британскиот амбасадор во Република Македонија се запозна со историјата и традицијата на општина Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Македонска КАменица денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство во Република МАкедонија Метју Лосон.

На средбата во кабинетот на градоначалникот Димче Атанасовски, амбасадорот се запознал со традицијата и историјата на општина Македонска Каменицица, при што било разговарано за повеќе актуелни теми.

“Денеска, во работна посета на општина Македонска Каменица беше Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на работната средба покрај разговорите за повеќе актуелни теми, ја искористив приликата да го запознаам Британскиот Амбасадор со историјата и традициите на нашата Општина. Со начините на нејзиното функционирање денес, со предизвиците предизвикани од енергетската и економската криза, како и со плановите на локалната самоуправа за градење и развој на Македонска Каменица во модерна и развиена Општина.

Го истакнав огромното значење и придобивките за заедницата од добрата соработка со компанијата “Рудник Саса”, како најголем екомонски оператор во нашата Општина. Нашите тековни инфраструктурни проекти со Рудникот Саса, како и идната заедничка визија за забрзан развој на општина Македонска Каменица.

Изразив задоволство од денешната посета на Британскиот Амбасадор Метју Лосон и упатив покана за негова повторна посета на Македонска Каменица.

Како локална самоуправа остануваме подготвени и отворени за продлабочување на соработката во сите сфери од взаемен интерес. Се надевам дека денешната посета ќе биде причина повеќе за почеток на многу нови заеднички проекти, со цел подобрување на условите за живот на нашите граѓани и развојот на Македонска Каменица.”

-информираше градоначалникот Димче Атанасовски во врска со средбата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace