Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски беше домаќин на ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програма за размена на знаења, искуства и култури кои што се во посета на Пробиштип и ООУ “Никола Карев” од Пробиштеип.
“Со големо задоволство, денес им посакав добредојде во Пробиштип и во ООУ “Никола Карев” на наставници и ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програма за размена на знаења, искуства и култури.
Во текот на неделата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со организацијата на училиштето и образовниот систем, да набљудуваат наставни активности и да учествуваат во работилници посветени на инклузивно образование и современи педагошки пристапи.
Покрај професионалните активности, неделата е збогатена и со запознавање на културите, традициите и вредностите на двете земји, што придонесува за поголемо меѓусебно разбирање и почитување.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски во врска со оваа соработка.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”