БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Транспарентноста на одлуките е клуч за јавната доверба – конференција за институционалната отвореност на Советот на јавните обвинители

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Без високо ниво на институционална отвореност јавноста нема можност соодветно да ги разбере и да ги оцени нашите одлуки, истакна Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески во своето обраќање на конференцијата “Транспарентноста како клучен фактор во работата на Советот на jавните обвинители на Република Северна Македонија”, во организација на Проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”.

“Факт е дека досегашните извештаи, и домашни и меѓународни, за работата на Советот на јавните обвинители не даваа многу позитивни оценки за институционалната транспарентност. Се бара подобро образложување на одлуките и постапки кои кај јавните обвинители и кај општата јавност ќе создадат чувство дека се одлучува врз основа на јасни и мерливи критериуми и недвосмислени принципи. Но, исто така, факт е дека во последниот период, Советот на јавни обвинители направи големи чекори за да ја зајакне транспарентноста и да се трансформира во отворена и отчетна институција”, истакна Савески, нагласувајќи ја важноста на новодонесената Стратегија за транспарентност на Советот на јавните обвинители како значаен чекор во таа насока.

“Ако постои една област што треба да ја издвојам во која сметам дека европската поддршка може да даде најголеми ефекти, за јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинители, тогаш тоа е транспарентноста. Секоја поддршка тука за нас значи јакнење на јавната доверба како клучен сегмент за мерливост на успешноста на нашата работа”, рече Савески, додавајќи дека за да се премине од декларативна на суштинска транспарентност се потребни и услови, средства, соодветна кадровска екипираност со стручни служби, но и лична посветеност кон принципите на транспарентност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дискусијата на конференцијата е фокусирана на мисијата на Советот во заштита на самостојноста на јавните обвинители и на транспарентноста како клучен фактор во секојдневното функционирање на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace