Преку интернет платформатаа мЗаедница градоначалникот на општина Македонска Каменица ќе ги дигитализира услугите на оштинската администрација во функција на подобро нивно исполнуваање, во интерес на сите граѓани на општината.
Преку оваа дигитална алатка граѓаните ќе можат во било кое време да воспостават контакт со вработените во администрацијата и да влијаат во креирањето, спроведуваањето и следењето на реализацијата на сите проекти кои што се од надлежност на општината.
“Ветивме целосна дигитализација на услугите во Општина Македонска Каменица и забрзано чекориме во тој правец.
Платформата #мЗаедница наскоро ќе стане достапна за нашите сограѓани..
Преку оваа мобилна и веб апликација, секој ќе може да комуницира со вработените во општината, да влијае на тековните активности, но и да ги реализира сопствените права.
Продолжуваме посветено!”
-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип
Во општина Кочани мора да владее законот: Пристигна оставката на директор на ООУ „Никола Карев“. Почнува постапка за избор на нов директор
Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“