Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски во јавноста информираше за тековни активности кои што ги превзема општината која е целосно ставена на услуга и во функција на своите жители.
По барање на месното население од страна на ангажирана механизација беа пробивани и санирани постојни патни траси на земјани патишта кон руралните места кои што беа нефункционални за потребите на граѓаните.
“ГИ РЕШАВАМЕ ПРОБЛЕМИТЕ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ
Екипи на ЈП Камена Река во континуитет се на терен во руралните средини и ги решаваат најголемите проблеми на жителите. Се работеше на прочистување на патот од Павлиш дол до маала Горанци во село Косевица, од Караџевци (село Косевица) до месност викана Калиште, на санација на свлечиште кај селските гробишта во село Моштица.
Екипите на Камена Река ќе продолжат со работа во руралните средини и во наредниот период.
Продолжуваме посветено!”
-соопшти градоначалникот Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
После повеќе од 20 години постоење улици во населбата “Пролет” во Делчево деновиве добиваат нормална сообраќајна инфраструктура
Успехот заслужува признание – Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за постигнување на врвни резултати
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски