Минатата година Пијанечко-Малешевскиот микро-регион беше пеплосан од огромните пожари кои предизвикаа катастрофални штети по шумскиот фонд на крајниот исток на државата.
Во изминатите неколку денови пожари повторно го тресат овој регион при што страдаат поголеми шумски површини.
Пратеникот Драган Ковачки во јавноста излезе со своја реакција во врска со пожарите со која изразува свој сомнеж за лица кои според него можеби се причинители на пожарите.
“Власта обвинува за профитерство со огревното дрво и пелети.
Владо на “нашата држава”, а да проверевте во Ваши редови па да утврдите чија фирма работи со дрвата од опожарената Малешевија.
Можеби така ќе стигнете и до профитерите и до нарачателите на пожарите.”
-соопшти пратеникот Драган Ковачки преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026