Дедека голем број земјоделци се уште си ги чекаат субвенциите кои што одамна инфлацијата ја изеде нивната вредност, Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство утринава присуствуваше на света архиерејска литургија во Крива Паланка.
Од таму Министерот Николовски посака мир во душите на граѓаните и радост во нивните домови.
“Утринска богослужба и света архиерејска литургија, по повод споменот на Свети Јоаким Осоговски, заштитник на нашата Крива Паланка. Традиционално секоја година, верниците ќе креваат славски колачи и ќе се прави водосвет.
Мир во вашите души, радост во вашите домови. Нека е за многу денот!”
-соопшти Љупчо Николовски од Крива Паланка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија