Во петокот 07.10.2022 година на Пониква, Осоговските Планини се промовираше новата опрема и теренски возила за управувачот со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево – ЈП Национални шуми, кои се обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП).
Зајакнувањето на капацитетите на ЈП Национални шуми за одржливо управување со заштитените подрачја Осоговски Планинини и Малешево е еден од приоритетите во Плановите за управување со заштитените подрачја, каде покрај обезбедувањето на соодветна опрема, е вклучена и обука на лицата задолжени за реализација на предвидените активности.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствo, Швајцарската агенција за развој и соработка, Јавното претпријатие Национални шуми, Центарот за развој на Источен плански регион, претставници од Фармахем, Македонското еколошко друштво како и локални чинители.
Настанот го организираа ЈП Национални шуми, со подршка на Програмата за зачувување природата во Северна Македонија, координирана од Фармахем, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена