БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера попладне жителите на делчевското село Град, излегоа на мирен протест во центарот на селото. Причината за нивниот револт е недостигот на вода во нивните домови, која во изминатиот период повеќе ја нема отколку што ја има на чешмите.

Како резултат на постојаните прекини на вода во водоводната мрежа, жителите на селото град се жалат дека им прегореле машините за перење и не можат да ги обавуваат своите основни хигиенски потреби.

Пред нашата камера револтираните граѓани бараат од надлежните да си ја вршат јавната работа за која земаат плата од буџетот на сите домаќинства.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Апелираат јавно до надлежните да им стават крај на нивната голгота и да имаат барем малку достоинствен живот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Делчево со своја прес конференција од центарот на селото, упатија повеќе прашања кои што се однесуваат на работата на директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево, Стојче Стојковски и побараа одговорност за неговото неодговорно управување до системот за достава на вода за пиење за жителите на општината.

Советничката Ели Ангеловска заедно со жителите на селото Град упатија прашања дали поради самоволието на директорот Стојковски се исклучуваат пумпите кои треба да обезбедат вода за пиење и до кога ќе трае ваквото самоволие на одговорното лице во комуналното претпријатие во Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace