Last Expedition е Македонска рок група која што е формирана во далечната 1985 година. На распатјето на пропаста на поранешната држава и политички систем, преку предолгата транзиција се до денешен ден Last Expedition се жив сведок на сите музички збиднувања и еден од главните стожери на скопскиот музички идентитет.
Нивната музика уште од самите почетоци на бендот своевремено беше своевидна авангарда и инспирација и енергија за цел расадник на музички бендови и имиња кои “пораснаа” со нивната музика и уште повеќе енергија која ја емитираа како бенд.
Браќата Енис и Сеад Хаџиќ се срцето и душата на бендот. Првиот (Енко) со својата раскошна и несекојдневна лирика која на револуционерен начин го доближи Македонскиот музички јазик до младите македонски фанови во таа втора половина од претпоследната декада на минатиот век. Вториот (Сецко) со својот динамичен и остар звук предизвика своевидна револуција во начинот на компонирање на музика но и нејзино изведивање пред ордите фанови во нивната база на следбеници кои го следеа бендот со нетрпение во секое нивно издание и концерт.
Во оригиналната прва постава на “Last Expedition” покрај Сецко на гитара, Енко беше застапен на бас гитара, тапаните беа доверени на Димитар Петров додека вокалот и фронтмен беше Идриз Амети.
Понатаму бендот доживува своевидна метаморфоза со формирање на поставата која што креативно и историски денес е позната како Last Expedition со Влатко Јаневски и Ади Имери. Во бендот покрај споменатиот Идриз Амети има поминато и Огнен Мангаровски.
Турбулентните 90-ти години за вулканот наречен Последна Експедиција беа најпродуктивните во целокупното нивно постоење. Тогаш се изродија нивните три студиски албуми “Интро” во 1993 година, “Izgubeni likovi” во 1994 година и “Box” во 1998 година, кои беа проследени со многу концерти, настапи и гостувања. На свој начин Last Expedition беа еден од основните стожери на целокупното рок движење во текот на таа турбулентна декада исполнета со општа несигурност, стравови и порази во општествениот живот, преку кое движење младите ја канализираа својата енергија и воопшто постоење во тоа време. Музички “Last Expedition” беа уникатна енергична појава која во живите настапи знаеше да ја крене публиката до ниво на револуција во салата/просторот во која настапуваа.
Во 2001 година Last Expedition го снимаат својот единствен жив албум на кој се застапени избор на посни од нивните студиски изданија под името “Live A1”.
Во периодот кој што следи по 2001 година во наредните повеќе години бендот доживува своевидна стагнација за кон крајот на 2010-те години повторно да почне да ја живее својата најдобро позната улога во целосно нови времиња и општествоно-културолошки услови.
Но и ден денес Last Expedition се оние3 истите забавни и динамични момци како што беа на почетокот на својата кариера, но сега со цело едно животно искуство и мудрост зад себе.
Во текот на месец јуни минатата 2021 година бендот ја извади својата последна песна “Мајка” посветена на Република Македонија која помина низ своевидна лавина на премрежја поради целокупното политичко опкружување кое се има надвиснато над нашата татковина опеана во оваа песна.
Но тоа не на спречи таа да си го најде својот продор помеѓу морето фанови (сега веќе подостарени) и да прозвучи со целокупната нејзина силина и нежност истовремено до ниво на ежење и солзи кои се задолжителна појава за време на слушањето на истата од оние кои искрено си ја сакаат својата мајка Македонија.
Токму тогаш успеавме да направиме едно мега интервју во кое со браќата Енко и Сецко имавме огомна чест да поразговараме на повеќе теми поврзани со нивното творештво и воопшто постоење како бенд.
Во продолжение по доцнење од повеќе од една година за нашите читатели имаме чест да го пренесеме ова интервју кое што веруваме дека за вистинските рокери кои растеа со звукот на 90-те години ќе биде интересна видео лектира за препрочитување.
а
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше Интервју со Никола Кузелов (Сценарист и актер)
Наше Интервју со Ана Симонова- Професорка по Македонски јазик, библиотекарка, граѓански еко- активист и гласен борец за женски права
Наше Интервју со “Банда Инструментале”: СУПЕРХИКС е бенд кој го одржува цврстата волја, желбата, другарството, упорноста, решителноста!