Националната установа центр за култура “Никкола Јонков Вапцаров од Делчево” е клучна институција во општина Делчево која се грижи и работи за унапредување на културните вредности а од неодамна и туризмот на крајниот исток од Македонија.
Оваа институција тековно во рамки на една календарска година реализира широка лепеза на активности и проекти во рамки на нивната годишна програма а соработката со останатите институции во општината и државата е во тренд на нагорна линија.
За повеќе актуелни прашања како и за одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание имавме можност да зборуваме со Директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски.
Наше интервју со Златко Начовски- Директор на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево: „Разловечкото востание добива национално место какво што заслужува“
Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево за културната сцена, новите проекти и подготовките за 150 години Разловечко востание
1. Брегалнички портал: Околу една година сте директор на најзначајната културна институција во Делчево па можеби и пошироко во микрорегионот. Кажете ми што се е сработено во изминатиот период?
Златко Начовски: Како што кажавте на оваа функција сум веќе една година директор. Во периодот поткако стапив на функцијата Директор на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево сработивме доста. Ја зголемивме понудата на квалитетни културни настани од сите дејности кои што се застапени во центарот за култура се со цел нашите сограѓани да имаат квалитетна културна понуда.
Ќе го издвојам проектот кој што го работиме заедно со општина Делчево. Кој што е именуван како “Културно-туристички информатор” кој што е во финална фаза кој што има за цел да ја направи културно-туристичката понуда во Делчево достапна и видлива за нашите сограѓани и туристите кои што доаѓаат во Делчево.
Исто така овде ќе го истакнам и проектот за Спомен дом на Разловечкото востание кој што е во финална фаза.
Зголемена културна понуда и нови проекти
„Работевме на поголема и поквалитетна културна понуда“
2. Брегалнички Портал: Во изминатиот период евидентна е раздвиженост на културната сцена во Делчево вклучително и околу понудата на филмски хитови кои што се забележливи во кино салата во Делчево, како со фолклорната група, меѓутоа и знаеме дека развивате театарска дејност што претходно на некој начин беше запоставена. Како се одвиваат се одвиваат тековните работи, на кој начин и има ли простор за подобрување на вашите тековни активности во дејностите што Ви се назначени според Статут?
Златко Начовски: Се разбира дека има простор за подобрување, секогаш може подобро. Конкретно за драмската дејност, тоа е нешто што претходно го немавме во центарот за култура. Еве сега разработивме концепт за развивање и на оваа дејност во нашата установа. Од неодамна имавме и Конкурс за прием на членови со кои што маш соработник овде во установата ќе работи со тие пријавени учесници- поголемиот дел ученици. Се надевам во скора иднина ќе можеме да кажеме дека ќе имаме некоја претстава. Се разбира тоа е тој драмски аматеризам со кој што почнуваме, па да видиме во иднина што ќе биде со ова.
Драмска сцена, кино и нова енергија во културата
„Започнуваме со драмски аматеризам“
Што се однесува на другите дејности кои што се застапени: литературна, фолклорна, музичко-сценска, ликовна дејност се трудиме заедно со моите колеги да ги подобриме сите тие дејности, да имаме што повеќе и поквалитетни настани. Така да мислам дека во оваа година нашите сограѓани-делчевчани имаа што да видат. Секогаш може и повеќе и подобро, така да ќе настојуваме во таа насока да продолжиме.
3. Брегалнички портал: Како сте задоволни од односот и учинокот на Вашите колеги вработени во вашата институција?
Златко Начовски: Соработката е добра. Настојувам да укажам дека секој еден кон друг требада имаат почитување. Почитта еден кон друг ќе придонесе за една пријатна работна атмосфера. Штом има пријатна работна атмосфера ќе има и резултати. Настојуваме да ги подобриме работите, да се подобрат сите дејности, се со цел да им дадеме на нашите сограѓани квалитетна културна понуда. А за возврат очекуваме се разбира да бидат посетени настаните бидејки публикате е дел од овие културни настани, без кои ако нема публика ќе нема ни културни настани.
Работната атмосфера како основа за успех
„Почитта меѓу колегите носи резултати“
4. Брегалнички портал: Во изминатиот период работевте на измена на Статутот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево. Кажете ми нешто повеќе за какви измени станува збор?
Златко Начовски: Да, во оваа измината година работевме на измена на Статутот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” ДелчевоПокрај техничките забелешки од страна на Министерството за култура кои што беа поправени, конкретно имавме една важна измена- дополнување на Статутот на националната установа. Конкретно се работи за музејска дејност. Мора да го вметнеме тоа дополнување во Статутот се со цел да можеме да ја развиваме музејската дејност коко составен дел на Центарот за култура. Ние веќе во Разловци разработуваме една историска поставка која што треба да биде дел од Спомен домот. Со тоа се поставува музејската дејност како составен дел од центарот за култура. Исто така и музејот кој што е во состав на Општина Делчево сме во процедура да биде во состав на Центарот за култура, оддносно археолошката и етнолошката збирка кои се составен дел од тој музеј ги ставиме во состав на центарот за култура и да ја преземеме грижата за нив ние, се со цел музејот да биде пак отворен за посетители, бидејки во моментот не е функционален.
5. Брегалнички портал: Во моментот како Министерство за култура и туризам, Национален конзерваторски центар од Скопје и Вие како Национална установа од Делчево работите на би рекол денценискиот проект за реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание. Накратко кажете ми како дојде до реализација на овој проект (кратка генеза на процесот)?
Златко Начовски: 2025 година Центарот за култура го реализира одбележувањето на 149 годишнината од Разловечкото востание што беше лани. На тоа одбележување беше присутен и Премиерот на Република Македонија Проф. Д-р Христијан Мицкоски, каде што од страна на сегашниот градоначалник на Општина Делчево Иван Гоцевски му беше презентирано и на лице место ја увиде состојбата во која што се наоѓа Спомен домот на Разловечкото востание. Патот кон обновата на овој значаен објект не само за општина Делчево и Разловци туку за цела Македонија, бидејки веќе е прогласен за значајно културно наследство и е симбол на МАкедонската борба за правда и за своја држава , од каде што почнува националното единство на Македонците , да добие силна поддршка од Премиерот на Република Македонија, со поддршка од Министерството за култура и туризам за да биде сега веќе во фаза на реконструкција каде што активно се работи и каде што најголем дел од работите ќе бидат завршени до одбележување на 150 години Разловечко востание кое е веќе закажано за 18 и 19 мај.
Реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание
„Проект од историско значење за Македонија“
6. Брегалнички портал: Која е Вашата улога како институција во овој капитален проект?
Златко Начовски: Ќе напоменам дека дека градежните работи односно конзерваторско-реставраторските работи ги извршува Националниот конзерваторски центар од Скопје кои што имаат ингеренција за ваков тип на објекти кои што се заштитени како културно наследство. Додека нашата установа како проект поддршан од Министерството за култура и туризам доби задача да го уреди внатрешниот простор, да го снабдиме со столчиња, со канцелариски мебел со витрини кои што ќе бидат потребни за поставување на поставката и за самата поставка. Ангажиравме стручни лица кои што имаат за задача да направат концепција и да ставиме во функција една историска поставка која што ќе биде посветена на Разловечкото востание.
7. Брегалнички портал: Кои други институции се вклучени во овој проект?
Златко Начовски: Како што кажав и претходно соработката и поддршката на Општина Делчево за овој проект е голема. Благодарение на таа поддршка и поддршката од Министерството за култура, на поддршката од Владата на Република Македонија проектот е во финална фаза и ќе биде во најголем дел завршен за одбележување на 150 годишнината од Разловечкото востание. Покрај Националниот конзерваторски центар кој што директно ги изведува градежните работи на овој објект и центарот за култура се разбира дека имаме вклучено и лица од други институции кои што на било кој начин може да помогнат во самата реализација.
8. Брегалнички портал: Заедно со Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски и општинската администрација активно учествувате во подготовките и реализацијата на Манифестацијата за одбележување 150 години од кревањето на Разловечкото востание. Накратко кажете ми за какви активности станува збор?
Златко Начовски: Центарот за култура е во активна комуникација со општина Делчево која што ја презема организацијата за самиот настан и сме директно вклучени во целата организација, односно во сите случувања кои што треба да бидат за одбележување на 150 годишнината од Разловечкото востание. Поконкретно ќе кажам дека покрај сите други работи во кои сме вклучени имаме конкретно задача да организираме научна трубина за Разловечкото востание, активности поврзани со самата организација на традиционалниот ручек кој што треба да се случи во дворот на црквата во село Разловци, во организација на пречекот на делегации и гости кои што ќе бидат присутни на самиот настан бидејки знаеме дека се предвидени да дојдат делегации од неколку министерства, делегации од странство од институции и слично… така да настанот ќе биде доста голем, нема веќе да биде чествување од локален карактер, се крева на едно високо ниво кој што ќе биде во иднина од национален карактер. Делчево, Разловци и Македонија треба да бидеме горди на сето тоа
Подготовки за 150 години Разловечко востание
„Настанот добива национален карактер“
9. Брегалнички портал: Кратка порака за крај за пошироката публика?
Златко Начовски: Јас и претходно апелирав, нашите сограѓани да ни даваат поддршка на настаниет кои што ги организираме, бидејки ги реализираме за да имаат тие квалитетна културна понуда и тоа е ветер во грб за нас, докколку гледаме дека има посетеност, ние ќе се трудиме многу повеќе во тој дел да им обезбедиме квалитетна културна програма.
Сакам исто така да ги поканам и на настанот кој што ќе следува како што кажав 150 години Разловечкко востание на 18 и 19 мај, да ги посетуваат настаните кои што планирани и поврзани со овој јубилеј, да бидат на 19 мај во село Разловци, за да дадат поддршка за настанот којј што се крева на едно повисоко ниво кое што веќе не е од локален карактер, туку станува чествувано од национален карактер и едноставно да го почувствуваат духот на самата манифестација која што во иднина ќе продолжиме задно со општина Делчево, заедно со поддршка од Министерството за култура и туризам од Владата на Република Македонија да го подигнуваме на едно повисоко ниво од тоа што до сега беше.
Порака до граѓаните
„Поддршката од публиката е ветер во грб“
Целото видео од Нашето интервју со Златко Начовски- Директор на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево може да го проследите во продолжение.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше интервју со Александар Китански- Градоначалник на општина Пехчево: „Градиме чекор по чекор, со љубов и посветеност“
Наше Интервју со Д-р Весна Ушинова- Носител на Советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип
Интервју со Петар Ружински: кандидатот за градоначалник на Општина Берово