БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

Пренеси го гласот

Поминаа години од најголемата и најжестоката битка во 2001 година: Битката за Радуша. Никој ни од државата ни од медиумите го спомнал овој драматичен настан и нејзините јунаци, кои херојски, гради в гради во блиска борба од 20м, се бореле против многу поголеми формации на терористите. Прво 35, па после 75 полицајци и граничари го бранат реонот околу Радуша во нерамна битка со 700 припадници на КЗК кои упаднаа од Косово, и стотина локални терористи на ОНА со цел да го заземат изворот Рашче и да предизвикаат хуманитарна катастрофа. Над 20 часа борба без престан, ниту јаделе нашите јунаци, ниту имале време да идат во тоалет. Полицајците биле препуштени сами на себе со денови да издржат да се борат со качачките банди. Колку било драматично кажуваат само радиоврските, каде опкружените 35 бранители иронично се заблагодараат на „помошта“, и дека „можеле да подготват 35 погреба“. Тогаш Трајковски му наредил на Ѕвонко Стојановски точно во 17, 20 часот покрај Владата да пролетаат познатите ‘дваесетичетворки’ на АРМ во правец на Радуша. Содејствуваше и еден ‘сухој’ комплетно борбено вооружен. Тогаш врисоците на нашите полицајци, на службените радиостаници се претворија во радост и во победнички восклици. Покрај аероподдршката, веднаш се вклучи и артилеријата на АРМ од правец на караулата Чашка, засилена од повеќецевни ракетни фрлачи. Дури тогаш, по оваа силна поддршка на АРМ, полициската специјална единица успеа да се пробие до станицата и да ги извлече ранетите и преживеаните. Загубите кај терористите биле огромни, бројката се однесува од 100 до 150 до убиени терористи.

На сликата се дел од јунаците во полициската станица Радуша, кои издржаа храбро без ниту една загуба. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЈУНАЦИ!

-Извор: Македонски Бранители

Креирано од:


Пренеси го гласот